Услови и правила
Ве молиме да ги прочитате условите и правилата на користење пред употреба на веб сајтот www.avionskikarti.mk
Веб сајтот www.avionskikarti.mk е овозможен од страна на T. A. Атлас Корпорејшн, со седиште ул. 27 Март , бр.10, 1000 Скопје, Македонија.
Ве молиме, целата комуникација која со однесува на корисничките услуги испратете ги на наведената адреса.
Вие се согласувате со Условите и Правилата при користење на оваа веб страница, без квалификации.
Доколку не се согласувате со сите Услови и Правила, забрането Ви е користење на веб сајтот на било кој начин.
Веб сајтот www.avionskikarti.mk не гарантира дека информациите (вклучувајќи ги цените, описите и деталите) се без грешки или пропусти, но ќе направи обид да ги промени или корегира истите веднаш штом бидат воочени.
Веб сајтот www.avionskikarti.mk не превзема никаква одговорност во врска со невозможност на користење или пристапување кон веб сајтот во било кое време, или било какви прекини во пристапот и исто така прекин при вршење на трансакции.
Веб сајтот www.avionskikarti.mk го задржува правото да ги менува или ажурира Условите и правилата периодично без претходно да го извести корисникот.